Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев ги запраша членовите на СДСМ и неговиот против кандидат Љупчо Николовски, дали барем малку мислеле и дали барем малку им било непријатно кога ги правеле сите злодела и кога ги распродавале државните, македонските, националните интереси.
„Го слушам оној мој противник како бил навреден бидејќи народот ги нарекувале северџани. Воопшто не запрашувајќи се колку пак тие го понижија и омаловажија македонскиот народ. Затоа ви даваме збор драги пријатели, аманет за нас, дека во следните четири години ќе работиме интензивно и напорно да го вратиме македонското национално достоинство. Македонецот да биде човек, граѓанин на оваа држава со високо подигната глава и исправена кичма“, порача Јанушев.
„Тие може само да бараат по едно евро за тате и бате, да крадат, да го окупираат судството и обвинителството, да не направат ништо за вас граѓаните, да палат автомобили. Затоа сите обединети онака референдумски да излеземе на 15-ти јули и рано сабајле во среда и да го заокружиме бројот 14, за 14 пратеника во изборната единица 3. Да сте здрави и живи и да ни е вечна Република Македонија“, заврши Јанушев.