Скопје, 10 март 2020
СДСМ вчера ги престави пратеничките листи кои не се ништо друго, освен спас на политичката кариера на криминално рекетарската банда на чело со Заев.
Ова е листа за пораз. Заев настапува со стари истрошени и компромитирани кадри на кој сака да им обезбеди пратенички имунитет зошто така мислат дека нема да одговараат. Нема никаква свежина и ниту еден нов лик. Тоа е приказ за атрофирана партија која не извлекува поука од граѓаните.
Само ако ги погледнеме носителите на листите на СДСМ веднаш станува јасно дека главни критериуми за избор биле неспособноста или пак тоа кој колку повеќе штета и направил на државата.
За Зоран Заев и неговата криминалност може да се зборува со часови, но само да споменеме дека тој во моментов е единствениот аболициран политичар, кој ја искористи премиерската позиција да обезбеди дополнително уште неколку повлекувања на обвиненија за очигледен криминал.
Токму Заев, човекот кој на секој можен начин го погази достоинството на државата и на народот, е клучниот лик околу кој се врзува и најголемата афера во Македонија, аферата Рекет, за која знаел од самиот нејзин почеток и на извесен начин ја помагал. Главата на криминалот Зоран Заев, е човекот кој овозможи на своето семејство милионски бизниси со марихуана но и матни зделки со РЕК Битола, при што го направи кланот Заев најбогатото политичко семејство во Европа.
Следна во редот е Радмила Шекеринска, истрошен кадар од времето на транзицијата. Верувале или не но Шекеринска во моментов е единствениот политичар од времето на криминалната приватизација и транзиција од деведесеттите. Дополнително, токму Шекеринска е посочувана и за еден од најголемите поддржувачи на Боки 13, што отвора сомнежи дека и таа дел од криминално рекетарскиот октопод. Тоа што е демагог и неработник сите го знаат сите, но видоа и дека секој мандат е склона да учествува во некој нов бонбона бизнис. Така освен наплаќањето кирии сама на себе, во своето портфолио сега може да го додаде и набавката на градежни машини за Министерството за одбрана по далеку повисоки цени од реалните.
Никола Димитров е приказна за себе. Тој е ликот кој од крајот на деведесеттите со својата политика на свиткана кичма и сервилност дојде до врвот на својата кариера, да биде носител на листа на СДСМ. За негова поткрепа Заев му ја постави својата миленичка Мила Царовска. Токму заради разобличувањето на нелегалните активности на Мила Царовска, Заев нареди разрешување на техничката министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи со што директно го сруши еден од принципите на моделот на Пржинска влада пред изборите.
Следен е Оливер Спасовски, кој јавноста го запамети како најнеуспешните министри за внатрешни работи кој нема запленето ниту еден грам кокаин во неговиот мандат, но и во чие време се случија низа на нерасчистени убиства, запалени возила, тешки разбојништва икриминали. Затоа со право велиме дека Спасовски беше посматрач на процутот на криминалот и создавањето на спрегата на политиката и криминалното подземје. Самиот беше дел од неколку афери како незаконската набавка на возила со чешката донација и распределбата на лиценци за возачки испити на фирми формирани непосредно пред распишување на огласи. Не може а да не се прокоментира и Славјанка Петровска која самиот Спасовски ја инсталираше како своја испостава во МВР во техничката влада која секогаш беше негова верна сенка и спроведувач на неговите налози. Токму Славјанка Петровска сега пак е верна сенка на Спасовски на листа која што ќе изгуби изборите и во втората изборна единица
Носител на листа на СДСМ е и Љупчо Николовски. Тој е поранешен министер за земјоделие кој што ги разочара земјоделците и кој сакаше да прави кариера врз нивната мака и труд. Поради неговите погрешни политики земјоделците беа принудени да го фрлаат својот род, наместо да го продаваат. Тој ги лажеше и манипулираше земјоделците за да на крајот избега во партијата без да се соочи со нивните барања и потреби. Сега без срам пак ќе излегува и пак ќе ги лаже. Овој пат тоа нема да му помине и ќе биде казнет за неговата неспособност и неодговорност.
За изборот на Зоран Заев на листата да ги стави и Зеќир Рамчиловиќ и Панчо Минов оставаме да судат граѓаните, а посебно членовите на СДСМ. За нас тоа се лицата кои го погазија зборот и довербата на граѓаните и се одлучија да бидат верни слуги на погрешните политики на Заев кои ја силуваа волјата на народот.
Поразот на Заев е се поизвесен, а после овие листи веќе останува да се види само колку катастрофален ќе биде. Македонија е на нозе, а обновата пристига и Заев не може тоа да го спречи.
СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.
Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени.
Гласот за Заев е глас за криминалот. По претстојниот пораз Заев мора да си замине од политиката.
Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.