Утрински Весник
Политички Партии

Јанушев: Заев го ризикува здравјето на граѓаните се со цел да си го ублажи изборниот пораз, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е недозволиво

Јанушев: Додека македонските доктори немаат маски за заштита, Шекеринска за ручеци и патувања потрошила над 1,3 милиони денари за четири дена

 

Скопје, 19 мај 2020 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во гостување во Утрински брифинг вели дека според мислењето на Државната изборна комисија за организирање на фер изборен процес потребни од 35 до 55 дена, посочувајќи дека на мислењето се потпишале сите членови на Државната изборна комисија.

На првата лидерска средба минатиот вторник како заклучок беше да се побара од Државната изборна единица да се произнесе во однос на тоа што се треба ДИК да произнесе. Ова е мислењето на ДИК, меѓу другите работи наведува кои изборни дејствија со рокови треба да се преземат бидејќи за дел од дејствијата е пропишано од 1 до 3 дена, рок од 5 дена, рок од 15 дена. Минималниот рок значи по утврдувањето на датумот за изборите кои што може да се организираат е 35 дена,а максималниот 55 дена. И ова не е мислење само на претседателот на ДИК ова е всушност мислење на сите членови на ДИК, всушност и изминатите денови на медиумите видовме како дел од нив истото го потврдуваат. Што велат на крај, цитирам: Ви укажуваме дека согласно погоре изнесеното е невозможно да се организира гласањето во изминатиот рок од 22 дена. Значи јасно и прецизно луѓето кажуваат дека за 22 дена е невозможно да ги запазат законските рокови, вели Јанушев.

Во однос на вчерашната лидерска средба Генералниот секретар Јанушев нагласи дека предложи изборниот процес да се одржи крајот на август или евентуално почетокот на септември, додавајќи дека според препораките на СЗО вториот пик од пандемијата корона вирусот се очекува да се случи на почетокот на зимото.

Ние предложивме три датуми, крајот на месец август или првата недела од месец септември. Исто така видовме во јавноста дека мислењата на светските експерти, а и препораките на Светската здравствена организација се дека вториот пик е со доаѓањето на зимата и дека овој период до зимото треба да се искористи, односно сметаме дека ризикот по здравјето и животот на граѓаните во периодот на месец август односно на месец септември ќе биде најмал и меѓу другото што го кажавме на лидерската средба е дека ситуацијата ќе ја набљудуваме, ќе ги следиме сите работи како ќе се движат, посочи Јанушев.

Според Јанушев, неодговорност и несериозност е Заев да бара одржување на избори во јуни ризикувајќи го здравјето на граѓаните само поради ублажување на изборниот пораз кој што ќе им се случи.

Треба да ги ризикуваме сите во државата со кои што ќе стапиме во контакт за време на кампањата, зошто? Заради тоа што Заев проценил дека во јуни ќе изгуби со помала разлика отколку што ќе изгуби во август или септември. Тоа е тотално неодговорно и несериозно, изјави Јанушев.

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт