Утрински Весник
Македонија

Јанушев: ДИК повторно пребројува, бидејќи резултатите не соодејствуваат со официјалните записници

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

„По барање на ВМРО- ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците, се со цел да се отстранат сите можности за било какви неправилности во однос на резултатите од избориве“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Имаме сознанија дека бројките од резултатите внесени во системот на ДИК не соодветствуваат со точните бројки внесени во официјалните записници.Бидејќи официјални првични резултати нема, а и страната на ДИК не е достапна, правиме преглед на записниците од гласањето во нашиот Републички изборен штаб.

За секој обид за нарушување на правдата и секоја правна нерегуларност ќе има одговорност.
Очигледно дека власта на Заев не се откажува и покрај загубената доверба од народот. Тие сакаат да ја украдат волјата на народот, но ние ќе се бориме за правда, за народната волја и слобода.Во моментов сите опции се отворени, и по завршувањето на пребројување ќе ги соопштиме нашите следни чекори“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија

Променливо облачно време со сончеви периоди