Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 3, денеска беше во посета на спомен куќата на Кочо Рацин, еден од најголемите македонски револуционери и основоположник на модерната македонска поезија и литература. Јанушев рече дека како велешани се горди што биле во домот на Коста Солев Рацин, човекот кој преку своето дејствување во целиот свој живот бил носител на авангардата на револуционерната идеја кој што се борел за македонштината за македонецот за сопствена држава.
„Впрочем се она што денеска во оваа кампања ние како ВМРО-ДПМНЕ го нудиме пред граѓаните, покрај се она што го планираме како проекти во инфраструктурата, земјоделието, економијата и финансиите, здравството, образованието и се останато, еден од главните мотиви нешто што ќе биде секако во фокусот после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќање на гордоста на Македонецот, враќање на македонското национално достоинство“, истакна Јанушев.
На 15 јули, додаде тој, ќе потврдиме дека доаѓаат подобри денови за секого и пред се повеќе за секого каде што ниту еден граѓанин нема да биде заборавен.
„Она што се обидуваат да направат е едноставно некои работи во очај бидејќи се свесни дека губат, тлото под нозете им е изгубено, компасот не само што им покажува погрешна насока туку би рекол дека воопшто го немаат, па се обидуваат на овој начин да ме дискрeдитираат или на некој начин да влијаат на граѓаните преку нарушување на мојата чест и углед. На крајот од денот ако сум направил нешто нема да стојам тука каде што сум. Исто така имам да им порачам една година се противеа и не го носеа законот за потекло на имот на политичарите, тоа ќе биде еден од приоритети после формирањето на новото парламентарно мнозинство и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а после тоа ќе видиме кој од политичарите, ќе видиме дали Љупчо Николовски и Зоран Заев ќе бидат на политичката сцена“, порача Јанушев.
Тој од Велес додаде дека следната владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија се обврзува на реализација на следните проекти: зголемувањето на платите за 25%, зголемувањето на пензиите за 20%, гасификација до секој дом за сите граѓани, обновите на фасадите со енергетски и ефикасни фасади каде што државата ќе го покрива половина од трошокот, целосна реконструкција на велешката општа болница, автопатот Скопје- Велес-Прилеп-Битола до границата со јужниот сосед.