Утрински Весник
Македонија

Јаневски: Во Струмица нема позитивни на короноавирусот

Јаневски: Во Струмица нема позитивни на короноавирусот

Струмица, 5 април 2020 (МИА) – На територијата на општина Струмица до сега нема ниту еден докажан позитивен пациент со корона вирус, објави пред малку градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на фејсбук.

-Двата случаи регистрирани во статистиката на Mинистерството за здравство се од други две општини во поширокиот регион. Едната пациентка е во домашно изолација и е во добра здравствена состојба, а другиот позитивен пациент се наоѓа во државен карантин во Маврово, напиша Јаневски.

Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките од надлежните институции, бидејќи тоа е најсилното оружје во борбата со корона вирусот.

-Држете дистанца, избегнувајте блиски контакти, не се групирајте, останете дома и почитувајте ги и другите мерки. Ви благодарам за дисциплината и одговорноста кои ги покажавте во овие вонредни околности. Ве охрабрувам и понатаму да се однесуваме уште подисциплинирано и поодговорно кон сите препораки. Со мерките коишто ги презема општина Струмица и вашата поддршка заедно ќе успееме полесно да го надминеме критичниот период којшто се очекува, додава Јаневски. рт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година