Утрински Весник
Политички Партии

Јакимовски: Чепкањето во историјата ќе биде крај не само за Заев, туку и за СДСМ

Јакимовски: Чепкањето во историјата ќе биде крај не само за Заев, туку и за СДСМ

 

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) која е дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, Стевчо Јакимовски на протестот пред македонската Влада, порача дека граѓаните овие ладни денови се собираат за да го спречат, како што рече, националното предавство кое неколкумина во Владата сакаат да го направат на Македонија и на македонскиот народ.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија да се обединат и да се сплотат за да го спречат премиерот Зоран Заев во распродавањето на македонските национални обележја.

Јакимовски истакна дека со Бугарите не може да се преговара за историја затоа што тие историјата ја толкуваат како сакаат во зависност од околностите.

„Како на пример, кога требаа да платат репарација за окупацијата на Македонија тие го даваа и Цар Самоил дека е македонски Цар, за Заев сега на тацна да го направи бугарски. Тоа само кажува како им одговара, така си ја толкуваат историјата. Кога требало да плаќаат 25 милиони долари репарации, само за окупацијата на Македонија, што денеска е еквивалент на 25 милијарди долари. Пиринска Македонија ја давале да се приклучи кон Југуславија затоа што не ја сметале за нивна, секогаш нас Македонците не сметале за своја монета за поткусурување“, рече Јакимовски.

Според него, Заев и неговиот однос кон Бугарија може да направи голема беља на Балканот.

„Штетата која што ја предизвикува СДСМ не е само македонска туку е и балканска. Затоа ве повикувам сите граѓани на Република Македонија без разлика на вера, нација и политичко убедување, да се обидиниме и да покажеме сила и да ја одбраниме Македонија“, посочи Јакимовски од пред Владата.

Тој очекува во наредниот период протестите да се зголемуваат и покрај тоа што, како што рече, распродавањето го прават во време на корона.

„Еднаш ова го правеа на најсветлиот ден за македонскиот народ, на ден Илинден кога сите се на одмор го потпишуваа најсрамниот договор за Македонија“, рече Јакимовски, кој додаде дека тој е длабоко убеден дека со чепкањето во историјата, ова ќе биде крај не само на Зоран Заев туку и на СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт