Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јакимовски го победи личниот рекорд, истрча Битола – Меџитлија со повторувања 42 километри за 2 часа и 47 мин

Јакимовски го победи личниот рекорд, истрча Битола – Меџитлија со повторувања 42 километри за 2 часа и 47 мин
300x250 opst2

Битола, 24 мај 2020 (МИА) – Битола слави истрчан маратон на еден од големите пријатели на градската трка „ТРЧАЈ БЕ“, Игор МС Јакимовски од Скопје.

Човекот кој истрчал 34 маратони од кои 7 домашни и 27 меѓународни вкупно на три континенти, се вели во соопштението, одлучи да го надмине својот личен рекорд.

За овој подвиг ја избра Битола и вчера во 6 часот наутро на релација Битола – Меџитлија во неколку повторувања до 42.195км за 2 часа и 47 минути успеа и го исполни своето ветување да биде под прогнозираните 2 часа и 50 минути.

На патеката го следеле двајца познати атлетичари во тркачки дисциплини, Кристијан Стојани и Љупчо Стојановски.

Ова е најтешката атлетска дисциплина, а да се биде во кондиција и да се истрча маратон е многу комплициран, долг и тежок процес.
Игор вчера докажа, дека неговите 44 години се само бројка.

– Сум доживувал и победи и одлични пласмани и награди, но исто така и откажувања, колапс, крварење, губење свест, заминување на сред маратон и тонење во жив песок, вели овој познат македонски маратонец за своите претходни искуства.

Секој маратон е посебна приказна и совршена дефиниција за терминот кој го сакаат спортистите “научена лекција”.

За овој подвиг, се подвлекува во соопштението, тој се подготвуваше во изминатиот период, а само изминатиот месец истрча околу 650 километри за 30 денови.

Одработи и еден личен тест на полумаратон и го постави како што тој вели “лудиот предизвик”.

Успеа да го постигне најдобриот резултат во кариерата сам на светот без натпреварувачки карактер и тоа во ветеранските години – 44, а „ТРЧАЈ БЕ“ запишува уште еден настан во кој го слави трчањето од Битола. цр/аа

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН