Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Јавните куќи во Хонг Конг веќе работат претежно со кукли

Јавните куќи во Хонг Конг веќе работат претежно со кукли
Img 7972

Хонг Конг, 6 април 2020 (/) – Епидемијата на коронавирус, која инфицираше повеќе од 1,2 милиони луѓе ширум светот, доведе до видлив пад на светската економија. Многу земји воведоа мерки за да им помогнат на малите и средни бизниси да ја издржат кризата, но сопствениците на јавни куќи не можат да се потпираат на државна помош.

Така, додека некои хотелиери, за да си го спасат бизнисот, ги претвораат своите хотели во секс-свратилишта, веќе постоечките бордели директно ги ослободуваат работничките и ги заменуваат со пластични „девојки“.

Туризмот е една од најпогодените стопански гранки од корона-кризата. Само во Хонг Конг месецов се очекува да се затворат повеќе од 200 хотели.

Според претприемачите, нема ништо неморално во заменувањето на живите луѓе со пластика. – Ова му е потребно на пазарот… Ние не го корумпираме јавниот морал, изјави една бизнисменка којашто претпочита да остане анонимна.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?