Утрински Весник
Македонија

Јавниот превоз в сабота и недела ќе функционира од 05 до 19 часот во две смени

Времен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Карпош 3 и 4

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Јавниот превоз утре, (9 мај) ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

Како што соопшти ЈСП, отворени од 7:30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Во недела (10 мај), јавниот превоз ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.

За термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите), од ЈСП велат дека ќе информираат во текот на утрешниот ден.

Во недела, од 7:30 до 13 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот). мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат