Утрински Весник
Македонија

Јавниот превоз во Скопје ќе се нормализира паралелно со попуштањето на мерките

Дополнителни автобуси на 59, 59А и 59 Б во пресрет на верскиот празник Задушница

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Јавниот превоз во главниот град, кој од воведувањето на полицискиот час, има двократно работно време, се очекува да се нормализира паралелно со етапното олабавување на мерките.

– Имајќи предвид дека во претстојниот период мерките ќе попуштаат, очекувам дека тоа паралелно ќе го следи и ослободувањето на јавниот превоз. Не се работи за самоиницијативни одлуки на Градот Скопје зашто уредувањето на превозот е во рамки на мерките за заштита на здравјето на населението кои се препорачани од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и ги носи Владата, рече градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на приватните превозници од воведувањето на полицискиот час сообраќаат по саботен возен ред и двократно во текот на денот – од 5 до 9 часот и од 13 до 19 часот. хс/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег