Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019 година, што го доделува претседателот на државата е отворен до 18 септември 2020 година.
Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум категории:
1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;
2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки;
5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.
Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.
Јавниот повик во кој детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на претседателот на Република Северна Македонија на:
– македонски јазик https://pretsedatel.mk/uspesnimladi2019/
– албански јазик https://pretsedatel.mk/al/te-rinj-te-suksesshem-2019/
– англиски јазик https://pretsedatel.mk/en/public-call-for-submission-of-applications-for-the-recognition-successful-youth-for-2019/