Утрински Весник
Македонија

Јавен повик за привремено ангажирање негуватели во детските градинки во Кисела Вода

Јавен повик за привремено ангажирање негуватели во детските градинки во Кисела Вода
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Кисела Вода упати јавен повик за привремено ангажирање негуватели за јавните детски градинки на оваа територија. Евидентираните невработени лица што сакаат да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да поседуваат лиценца.

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува пет месеци. Ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време, со дваесет работни часа неделно. За време на работниот ангажман од пет месеци, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица, корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно претходно оствареното право.

Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во програмата. За кандидатите што ќе бидат избрани се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто-износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Повикот е врз основа на договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кисела Вода.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче