Утрински Весник
Македонија

Јавен повик за изразување интерес за хотелите кои имаат над 50 легла, за формирање државни карантини за справување со коронавирусот

Иранка на 103-годишна возраст се излекува од коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.
Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.
Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.
Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, понеделник, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: gs@gs.gov.mk, соопшти владината прес-служба.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен