Утрински Весник
Магазин

Ѕвездите споделија фотографии зад сцената на „Мет гала“

Ѕвездите споделија фотографии зад сцената на „Мет гала“

Како и секоја година, елитата не можеше да му одолее на предизвикот, па и оваа „Мет гала“ не помина без милион фотографии што инстантно беа објавени на социјалните мрежи.

Меган Фокс, Били Ајлиш и Лил Нас Икс во понеделникот им дадоа на своите фанови редок поглед зад сцената на годинешната Метрополитен гала, познатата зона без селфиња.

Иако на гостите им е забрането да фотографираат или снимаат со својот телефон на ексклузивниот настан, голем број sвезди го прекршуваат ова правило секоја година.

Хитмејкерот на Old Town Road, Лил Накс икс (22), ја искористи секоја можност да ја документира ноќта на социјалните мрежи, додека се фотографираше со Адисон Реј, Тимоти Шаламе, Пит Дејвидсон, Јара Шахиди и Френк Оушн.

 

Покрај Меган Фокс и Били Ајлиш, многу други ѕвезди споделија фотографии зад сцената на модната екстраваганца во режија на Ана Вентур, најмоќната жена во светот на модата.

Најпознатите лица на поп културата се појавија во њујоршкиот музеј „Метрополитен“ во понеделникот вечерта за да ја прослават „Мет Гала“, забава на годината на модната индустрија.

Уредничката на американскиот „Вог“, Ана Винтур, се потпишува како главен организатор на настанот.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои важат за најстроги шефови

Намалете контакт со токсични луѓе ако сакате да стареете поздраво

Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот