Утрински Весник
Магазин

„Ѕвездени патеки: Пикард“ оди таму каде што Пикард досега не бил

„Ѕвездени патеки: Пикард“ оди таму каде што Пикард досега не бил
Dik 300x250 mk

По успешната прва сезона, научнофантастичната драмска серија „Ѕвездени патеки: Пикард“ се враќа за да го следи својот главен херој, кого го глуми британскиот актер Патрик Стјуарт, како смело оди таму каде што досега не бил – во романтична врска.

„Навистина уживав во некои аспекти на серијата, секако, кога се во романтична атмосфера. Тоа беше фасцинантно од внатре“, изјави Стјуарт за „Ројтерс“.

Очигледно во „Пикард“ она што се обидувавме да го направиме е да најдеме места што не се истражени, така што нема патоказ за отпорот на Пикард кон романтична интимност, но очигледно е“, вели креаторот на серијата Акива Голдсман.

Посветена на омилениот капетан Жан Лук Пикард, „Ѕвездени патеки: Пикард“ првично никогаш не требаше да полета откако Стјуарт одлучи да не се враќа на улогата што ја толкуваше во ТВ-серијата „Ѕвездена патека: Следната генерација“ (1987-1994) и во четири филма, последниот објавен во 2002 година.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година