Утрински Весник
Спорт

Ѕвездата на ЦСКА Москва, Мајк Џејмс во изолација

Ѕвездата на ЦСКА Москва, Мајк Џејмс во изолација

Москва, 17 март 2020 (МИА) – Мајк Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на московска ЦСКА, се наоѓа во изолација поради коронавирусот.

– Мајк Џејмс е во карантин и под постојан надзор на нашите лекари, потврди Андреј Ватутин, претседател на „армејците“.

Американскиот плејмејкер беше на вечера со колегите од Локомотив од Кубан по нивниот меч против естонски Калев во регионалната ВТБ лига, чиј асистент тренер е заразен со Ковид-19. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026