Утрински Весник
Спорт

Ѕвездата на Баерн, Дејвис има воспаление на срцето по инфекцијата со КОВИД

Ѕвездата на Баерн, Дејвис има воспаление на срцето по инфекцијата со КОВИД

Канадскиот репрезентативец и лев бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис има миокардитис и ќе паузира неколку недели, потврди тренерот на германскиот шампион, Јулијан Нагелсман.

21-годишниот Дејвис беше еден од деветте фудбалери на Баерн кои беа позитивни на КОВИД-19 во текот на зимската пауза во Бундеслигата и сега поради воспаление на срцето ќе паузира подолго време.

„Вчера на проверките кои ги правиме за секој фудбалер кој имаше КОВИД-19, забележивме мало запаление на срцевиот мускул. Тој веднаш престана со тренинзи и нема да биде достапен следните неколку недели. Според ултразвукот, воспалението не е многу сериозно, но мора да заздрави за да можеме да го повикаме“, изјави Нагелсман.

> Ѕвездата на Баерн, Дејвис има воспаление на срцето по инфекцијата со КОВИД <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина