Утрински Весник
Македонија

Ѓурчиновски: Армијата најодговорно и професионално ги извршува доделените задачи

Ѓурчиновски: Армијата најодговорно и професионално ги извршува доделените задачи

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Припадниците на Армијата уште од почетокот на воведувањето на вонредната состојба најодговорно и професионално ги извршуваат доделените задачи за поддршка на институции и граѓаните, истакна денеска генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој им се заблагодари и даде поддршка за нивниот ангажман и вложување во извршување на задолженијата.

Тој во текот на викендот и претходните денови ги обиколи припадниците на единиците кои се ангажирани на јужната граница, на обезбедување на објектите одредени за карантинско сместување на Попова Шапка и во главниот град, како и објектите од посебно значење.

-Со покажаната посветеност се покажува нашата патриотска должност како припадници на Армијата во вакви тешки моменти со давање на својот максимум и со лични примери и залагање да овозможиме на здравствените работници и полицијата да го спречиме ширењето на пандемиската вирусна инфенција и ја ставиме под контрола како што би постапиле со секој оној кој претставува закана за татковината и граѓаните, порача Ѓурчиновски.

Како што соопшти денеска Министерството за одбрана, припадниците на Армијата согласно утврдените задачи за времетраење на вонредната состојба на територијата на Републиката, извршуваат задачи во асистенција и поддршка на Министерството за внатрешни работи во обезбедување и надзор на граничната линија на државната граница, контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување на мобилни пунктови и контролни точки во реоните за ангажирање и физичко обезбедување на витални објекти од значење за државата, како и на објектите одредени за карантинско сместување.

По барање на единиците на локалната самоуправа, органите на државната управа и други државни институции, како што се наведува во соопштение, Армијата во координација со кризните штабови формира и ангажира сили за поддршка со цел спречување на ширење на епидемијата и укажување на помош на граѓаните.бт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?