Утрински Весник
Спорт

Ѓуроски не останува во Евре

Ѓуроски не останува во Евре

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски не ги договори условите за продолжение на соработката со францускиот ПРО Б лигаш Евре.

– Не останувам во Евре. Вистина е дека преговаравме во изминатиот период, но не постигнавме согласност да го продолжам договорот за наредната сезона, изјави Ѓуровски.

Оваа сезона како играч на Евре, Стојан Ѓуроски одигра вкупно 20.натпревари. За просечни 26.3 минути по натпревар, дојде до просек изразен преку 8.4 поени, 3.3 скока и 3.0 асистенции по натпревар. Реализираше со 33.7% во шутот за три и 45.5% за два поени. Имаше и 82.4% реализација од линијата за слободни фрлања.

Претходно, 28-годишниот кошаркар играше во Шпанија, за второлигашите Милила и Хуеска.

– Од Шпанија носам убави искуства. Дали ќе се вратам таму ќе зависи од понудите во текот на летото, порачува Ѓуроски. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Србија

Златен медал за таеквондистката Ведрана Тунески во Тирана

Манчестер Сити ќе се спаси од голема казна