Утрински Весник
Македонија

Ѓуровски: Руските разузнавачки служби имаат продор на Балканот и во Северна Македониja

Ѓуровски: Руските разузнавачки служби имаат продор на Балканот и во Северна Македониja

Професорот по безбедност Марјан Ѓуровски истакна дека Руската Федерација го искористила неснаоѓањето на Европската Унија и притоа си создала простор, во претстојниот период да користи класични политички средства за влијание преку продор на руските разузнавачки служби во регионот на политичките и во бизнис круговите на поединечните земји, за економски и енергетски средства за влијание.

При тоа, потенцира Ѓуровски, истата прави обид да го прошири своето влијание преку медиумите, културата, академската средина, преку различни владини и невладини организации кои потекнуваат од Руската Федерација или се формирани во поединечните земји, употребува различни групи, како и Руската православна црква.

Обраќајќи се на свеченото отворање на регионалната школа за безбедност „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на Западен Балкан“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, Ѓуровски додаде дека многумина на пораките за ризиците кои произлегуваат од кинеското и руското влијание на овој дел од Европа гледаат со иронија.

„Многумина на нашите денешни пораки за ризиците кои произлегуваат од кинеското и руското влијание на овој дел од Европа ќе гледаат со иронија, а може би и со потсмев, но воедно останува нејасно зошто ненаоѓајќи го своето место и простор тука дома се одлучуваат да заминат, да ја побараат својата иднина во западниот свет како СР Германија, САД, Австралија. Доколку не се сложуваат со нас, а воедно ги нагласуваат кинески вредности и влијанија останува неодговорено прашањето зошто во најголемиот дел, наместо во Берлин некои денес не размислуваат својата иднина и работа ја побараат во Пекинг, Москва или пак во западниот свет“ нагласи Ѓуровски.

Тој потенцира дека балканскиот регион е дел од хибридниот конфликт меѓу Западот од една и Руската Федерација и НР Кина од друга стана. Според него, потребно е да се подигне нивото на свесност за ширењето на влијанието на новите надворешни државни актери и интереси на Балканот кое како што вели е силно изразено и негативно за регионот.

Според Ѓуровски, новите државни актери имаа за цел да го запрат или забават процесот на проширувањето на НАТО во регионот, да ја прошират енергетската зависност во регионот, посветени се да го забават процесот на ЕУ интеграција во регионот и да проектираат мека сила во регионот преку сите можни инструменти на националната моќ.

„Интенција е да се креира „замрзнат конфликт“ или „status quo“ во регионот. Преку пласирање на лажни вести се форсира стратегијата на неутралност на Балканот, убедувајќи ги граѓаните на земјите од регионот да останат надвор од НАТО и ЕУ. Тоа е користење на нелинеарен пристап за креирање на перцепција дека западните вредности се погрешни, наспроти играње на картата на националните чувства на граѓаните бидејќи повеќето сме свртени кон минатото и оптоварени со него“ напомена Ѓуровски.

Инаку доколку западните држави сакаат да запре процесот на стагнација во регионот, професорот Ѓуровски смета дека политиката на европските интеграции не треба да биде „политика на стапот и морковот“ тука преку реални и видливи политики на интеграција на Западен Балкан ќе се придонесе да запре дезинтеграцијата, и наместо умови надвор да извезуваме успешни приказни.

Според Ѓуровски денес американско-германското сојузништво и заедничкиот пристап е клучот за влијателен Евро-атлански клуб и фукционален и стабилен Западен Балкан.

„Кина, Русија се актери кои, како стратешки ривали на западниот модел на општество, имаат различни идеи за демократијата, владеењето на правото и слободата на религијата. Кинеските амбиции оправдано будат страв во ЕУ. Се стравува дека корупцијата може да продолжи да расте поради „евтините пари“. Кај многу проекти станува збор за одобрување на заеми од кинеските банки. Кинезите не бараат демократија и правна држава кога одобруваат финансиски заеми, што го олеснува задолжувањето на земјите кои се уште не се членки на ЕУ (Албанија, Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина). На овој начин се гради корозивен капитал односно дипломатија на лихварство“ заклучи професорот Ѓуровски.

Во рамки на свеченото отворање воведни предавања и свое обраќање имаа Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, Ханс-Герт Потеринг – поранешен претседател на Европскиот парламент и висок претставник за европски прашања при Фондацијата „Конрад Аденауер“, Вернер Фаслабенд – претседател на Академскиот совет на Центарот на Европско образование Вилфред Мартенс од Брисел и поранешен министер за одбрана на Австрија, УКЛО; Анке Холштајн амбасадор на Сојузна Република Германија во земјата, Кејт Мари Брнз амбасадор на САД во Северна Македонија.

Според најавите, активно учество на тридневната конференција која се одржува на хибриден начин земаат истакнати експерти и студенти од СР Германија, Австрија, Белгија, Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Грција, Република Србија.

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации