Проректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност е учесник и говорник на Меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог 2021 година“, што се одржува во хотел „Метропол“.
Професорот Ѓуровски како говорник зема учество во панелот посветена на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации за унапредување на агендата за мир, жени и безбедност каде зборуваше заедно со меѓународни претставници од Обединетите нации, министри во владите на Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, и реномирани претставници од академските, деловните и медиумските заедници, граѓанското општество, младинските организации во регионот и пошироко.
Инклузивните пристапи кон реформите во безбедносниот сектор, смета професорот Ѓуровски, бараат: потреба од создавање еднакви можности во рамките на безбедносните служби на сите нивоа што овозможуваат еднакви можности за вработување, задржување и развој на кариера кај мажите и жените. Преку реформите на безбедносниот систем може да придонесе за посилен и родово балансиран безбедносен сектор. Институционални промени се потребни за да се надминат бариерите за учеството на жените во безбедносниот систем. Треба професионалните стандарди и вредности да се интегрираат и интернат во постојните структури. Преку национални искуства и примери можат да се споделат за родовите перспективи. Воведување на национални механизми постојат за вработување и распоредување на жени во структурите на безбедносниот систем и како претставници во меѓународни мисии за управување со кризи.
Покрај тоа Ѓуровски ја истакна потребата за промовирање и развој на ангажирање на жени во полицијата, армијата, судски, обвинителски и институции за спроведување на законот, како и во парламентарниот надзор на безбедносниот систем.
Бидејќи безбедносните потреби и искуствата на мажите и жените се разликуваат, националните безбедносни систем можат да бидат ефективни само преку активно учество на жени и мажи.
Воедно, според професорот Ѓуровски, треба да се надградат и да се прошири дискусијата за институционалните промени потребни за да се обезбеди посигурен балансиран и родово одговорен безбедносен систем, како предуслов за зголемување на учеството на жените во меѓународните мисии за управување со кризи и родовата одговорност од овие мисии.
Важен сегмент, смета Ѓуровски, е создавањето на организациска култура која се заснова на родовата еднаквост. Меѓу важните проекти на кои треба да се посвети посебно внимание е родово одговорното буџетирање на Националните акциски планови и нивно спроведување со мерливи индикатори и јасни цели. Покрај тоа треба да се додаат и пропират во предметните и студиските програми едукативните институции за безбедност и одбрана со содржини на тема Резолуцијата 1325 и другите резолуции од жени, мир и безбедност, во наставната програма на едукативните институции за безбедност и одбрана.
Во своето обраќање на Преспа форумот, проректорот Ѓуровски нагласи дека треба уште многу да се работи за да може родовата еднаквост во нашето секојдневие да стане видлива.
„Потребни се повеќе жени во безбедносниот систем. За тоа да се случи треба да направиме се да се чувствуваат добредојдени, а не како исклучок од правилото. Треба уште повеќе да се работи на поголема застапеноста на родовите перспективи во јавните политики, вклучително во политиките за национална безбедност и подобрување и унапредување на законската регулатива во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат жените, но и мажите во Република Северна Македонија, не само на своите работни места туку и во секоја сфера каде се забележани појави на дискриминација. Исто паралелно треба да се работи на кршење на родовите стереотипи, кое ќе придонесе оддржливи позитивни промени“, оценува Ѓуровски.
Во поголем дел полициите и армиите се доминантно машки средини, строго хиерархиски поставени, средина во која дискриминацијата и сексуалното и друго вознемирување на работното место полесно се случува, и потешко се адресира.
Затоа, според професорот Марјан Ѓуровски, е потребно да создаваме сериозен систем за пријавување на вознемирувањето и дискриминацијата, преку канали каде што тоа ќе може да се пријави без страв.
„Оној кој така се однесува треба да одговара. Не смее да дозволите таквите појави да бидат само статистички бројки, но и жените жртви треба да се охрабрат, да бидат гласни да зборуваат“, порача Ѓуровски.
Мора да имаме нулта толеранција за било какви појави на било која форма сексизам под чие влијание ни се осакатува безбедносниот систем, полицијата, Армијата, администрацијата и ни се губат најквалитетните кадри, додаде тој.