Денеска во Охрид започна 11-тата по ред дводневна Меѓународна научна конференција „Евроатланските вредности на Балканот“ што се организизира од Факултетот за безбедност од Скопје и германската Фондација „Ханс Зајдел“. На свеченото отворање меѓу другите говореше проректорот на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност-Скопје Марјан Ѓуровски нагласи дека првиот безбедносен предизвик доаѓа од пандемијата Ковид-19 и поради тоа е потребно зајакнување на капацитетите на институциите за справување со евентуален нов бран од корона епидемијата.
Според последните истражувања кои досега ги спроведоа повеќе тимови од Факултетот за безбедност има неколку новите безбедносни предизвици и ризици по државата и регионот. Според Проректорот на УКЛО професорот Марјан Ѓуровски првиот безбедносен предизвик доаѓа од пандемијата и новиот потенцијален бран од Корона вирусот кој не смее во критичниот период кој следува од здравствен да прерасне во безбедносен ризик, економска закана и загрозување на човековите права и слободи. Според Ѓуровски останува отворено прашањето колку безбедносниот систем и системот за кризен менаџмент и управување со кризи е подготвен да одговори и се справи со евентуалниот нов бран на пандемијата.
„ Некои ќе рече дека системот ја потврдил својата подготвеност, но поминаа точно три месеци од завршување на вонредната состојба во земјата. Дали и што применивме од научените лекции од полицискиот час, законското нормирање и носењето на одлуките во вонредна состојба, координација, субординацијата и други бројни прашања“.
Во своето обраќање на меѓународната научна конференција за безбедност Ѓуровски истакна дека евентуални нови ад хок решенија за координација и соработка на безбедносните служби нема да го дадат потребниот ефект и на тој начин неможе да се исклучи – опасноста да се зголеми за жал.
„ Дали закон за вонредна и воена состојба ќе се носи пред истата да биде прогласена?“ праша Ѓуровски.
„ Ние како академска фела го кажавме нашето мислење и сега се пали црвеното светло кој ни сигнализира дека се доцни со подоготвка и потоа донесување на бројни решенија и законски модели на фукнционално делување на безбедносниот систем во услови на пандемија во евентуална кризна или нова вонредна состојба“, потенцираше Ѓуровски.
При тоа нагласи дека вториот предвизик е заканата по економската безбедност како домино ефект од пандемијата и евентуално новите зголемени рестриктивни мерки за заштита од пандемијата. Според професорот Ѓуровски третиот безбедносен предизвик се отворените прашања во регионот- Недефинираниот статус на Косово, Република Српска, Санџак, политичката нестабилност во Црна Гора, Бугарија и Албанија, односите меѓу Турција и Грција. Начинот и исходото на отворените прашања во најголемиот дел ќе зависи од исходот на престојните избори за претседател на САД. Тука според безбедносните проценки е и влијанието на Руската федерација и продорот на НР Кина на Балканот кој дополнително се безбедносен ризик во услови на изразени хибридни закани и лажни вести.
Меѓу другото петтиот предизвик е радикализмот, насилниот екстремизам и тероризам како директна безбедноста закана на земјите во регионот вклучително и Република Северна Македонија. На крајот Ѓуровски оценува дека корупцијата и организираниот криминал, неефикасноста на судството може да преставуваат безбедносен ризик и опасност за што како 30 та земја членка на НАТО треба да покажеме подобри резултати во реформите кои треба да продолжат и во безбедносниот систем.