Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорката на Република Хрватска

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорката на Република Хрватска
Dik 300x250 mk

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше домаќин на хрватската амбасадорка Нивес Тигањ. На средбата во Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски ги презентираше плановите и проектите кои се дел од неговата програма и кои веќе започна да ги реализира.

Соговорниците посебно се осврнаа на можностите за подобрување на деловната клима во општината. Подобрувањето на инвестицискиот амбиент ќе донесе значајни економски придобивки за граѓаните, беа согласни и градоначалникот и амбасадорката на Хрватска.

Од страна на амбасадорката Тигањ беше потенцирана желбата за соработка преку иницирање на проекти во сите области од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен врз користењето на хрватските искуства во поглед на искоритувањето на средствата со европските фондови.

Оваа прва средба беше заокружена со договор за развивање и зацврстување на соработката со Република Хрватска што ќе значи нови проекти во интерес на жителите на општина Кисела Вода.

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси