Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе биде чиста од влезот до нејзината крајна граница

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе биде чиста од влезот до нејзината крајна граница

Сезонските работници од Општина Кисела Вода денеска работат на потегот што го следи Јужен булевар до местото наречено Рампа, каде што почнува Кисела Вода. Се работи за гранична улица со општина Центар, во чија околина е насобрана огромна количина комунален смет.

За оваа локација, како што вели градоначалникот Ѓорѓиевски, иако е под надлежност на друга локална самоуправа, до Општина Кисела Вода секојдневно пристигнуваат многубројни поплаки за нехигиена. Токму затоа од утрово таму се косат тревни површини, се мете, со камион се расчистува наталожениот смет, со цистерна се мијат улиците и тротоарите, нагласи Ѓорѓиевски.

„Наша обврска е на граѓаните да им овозможиме чиста и здрава животна средина. Во конкретната ситуација, Јужниот булевар е само на 200 метри од булеварот Борис Трајковски, кој е главна артерија на Кисела Вода, но и на Скопје. Нам ни е важно како изгледа и влезот на нашиот дом и самиот дом“, изјави градоначачникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден темелно беше исчистен и Паркот на бранителите во Драчево.

„Тука слободното време го поминуваат голем број наши сограѓани со своите дечиња, па особено внимание се обрна при чистењето на детските игралишта и просторите предвидени за детска игра. Секако, и тука не изостана метењето на лисјата, собирањето на отпадот, миењето на пешачките патеки“, додаде тој.

Ѓорѓиевски најави дека генералното чистење на општина Кисела Вода ќе продолжи и во наредниот период.

Можете да прочитате

Со вкрстено испитување на сведок од ФЗО продолжи судењето за „Онкологија 2“ – тврди дека Фондот нема надлежност за финансиски контроли во УКРО

Мицевски: СДС и ДУИ застанаа против проектот „Безбеден град“

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени