Утрински Весник
Спорт

Ѓорческа во Анталија славеше над тенисерката Бујукакчај, следи натпревар со Гарсија-Лазаро

Ѓорческа во Анталија славеше над тенисерката Бујукакчај, следи натпревар со Гарсија-Лазаро

Анталија, 4 март 2020 (МИА) – Лина Ѓорческа имаше импресивен старт на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка славеше над Турчинката Чагла Бујукакчај, прва носителка на турнирот и 177. на ВТА листата со 6:0, 6:2.

Доминацијата на Ѓорческа најдобро ја отсликуваат и дел од статистичките показатели. Максимално ги искористи брејк шансите (5 од 5) и освои 28 поени повеќе од домашната натпреварувачка.

Ѓорческа во второто коло во Анталија ќе игра против шпанската тенисерка, Андреа Гарсија – Лазаро. сѓд/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од кошмарот во Кардиф до четврти шешир: Македонија поразена 7-1 од Велс

Ракометарите на Вардар се вратија на првото место

Два златни, еден сребрен и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025″