Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, го дозна имињата на противниците на Олимпискиот турнир.
Првиот носител, походот кон златниот медал ќе го започне против Уго Делиен од Боливија. Делиен се наоѓа на 139.место на АТП листата. Дуелот е закажан не пред 9 часот по средноевропско време, на 24.јули.
Победникот од овој меч ќе игра во второто коло, против победникот од дуелот Јан-Ленард Штруф (Германија)-Тиаго Монтеиро (Бразил).
Според костурот, потенцијален ривал во третата рунда ќе му биде Шпанецот, Алехандро Давидович-Фокина. Шпанецот во првото коло ќе игра против Педро Соуза, а во второто противник ќе му биде Џон Милман или Лоренцо Мизети.
Потенцијални противници на Ѓоковиќ во четврт и полу-финалето се Андреј Рубљов и Александар Зверев. Рубљов, во првото коло има тежок противник, домашниот фаворит, Кеи Нишикори, додека Зверев ќе игра против Јан Хсу Лу.
На другата страна од костурот се Данил Медведев и Стефанос Циципас, чии дуел е проектиран во полу-финалето.
Прв противник на Медвдев ќе му биде Александар Бублик, кого лесно го победи на Ролан Гарос, додека Циципас има незгоден ривал во првото коло, германскиот ветеран Филип Колшрајбер.
> Ѓоковиќ ќе има тежок пат до златото во Токио <