Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ ќе игра на Ролан Гарос

Ѓоковиќ ќе игра на Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Ролан Гарос. Во неговиот календар барем засега не е потврдено учеството на Ју-Ес опен.

Ролан Гарос на програмата ќе биде од 27 септември до 11 октомври.

„Новак во 2016 година ја освои својата прва титула на Ролан Гарос со што го комплетираше кариерниот гренд слем. Во 2019 година загуби од Доминик Тим во полу-финалето. Во 2020 година на Ролан Гарос ќе брани 720 бодови“, стои на официјалниот сјат на францускиот гренд слем.

Сезоната во тенисот треба да започне во Вашингтон на 14 август, осум дена потоа ќе започне мастерсот во Синсинати, а на 31 август треба да започне Ју-Ес опен.

Потоа сезоната ќе продолжи во Европа со турнирот во Кицбил (8 септември), мастерсот во Мадрид (13 септември), мастерсот во Рим (20 септември) и Роман Гарос (27 септември).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина