Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Ќе бидам требер, нема знаењето да го во гроб да го носам

Ѓоковиќ: Ќе бидам требер, нема знаењето да го во гроб да го носам

Новак Ѓоковиќ, вчера го освои мастерсот во Париз. Во драматично финале, тој го победи Данил Медведев со 2:1 (4/6, 6/3, 6/3). Ѓоковиќ ја освои рекордната 37.мастерс титула, а ден претходно, седми пат во кариерата, го обезбеди првото место на крајот од годината.

Што ќе прави по завршувањето на кариерата и дали може да замисли да му биде тренер на Медведев, кога рускиот тенисер ќе има 30 години?

„Кога би бил негов тренер не би имал многу работа. Тој е еден од најдобрите во светот, доколку го послужи здравјето ќе биде долги години во врвот. Лично, се гладам во тренерска улога. Го сакам овој спорт. Секако го сака, не само кога победувам. Го сакам кога го играм со моите деца, кога го гледам на телевизија или во живо и кога се обидувам искуството да им го пренесам на новите генерации во Тенискиот центар „Новак“. Се обидувам се она што го постигнав, низ се што поминав да им го пренесам на младите. Знаењето е клетва, ако не ги користиш. Мислам мене ми користи, но што потоа, во гроб да го носам и докажам „бев најдобар“, а никој да ги нема тие информации поврзани со мојата кариера. Логично е знаењето да му го пренесам на некој друг. Во иднина се гледам во различни улоги, зошто да не и како тренер“, рекол Ѓоковиќ.

> Ѓоковиќ: Ќе бидам требер, нема знаењето да го во гроб да го носам <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија