Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ утре ќе ги добие резултатите од тестирањето, потоа ќе се обрати на јавноста

Белград, 22 јуни 2020 (МИА) – Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, беше тестиран за коронавирус и резултатите ќе ги добие утре, потврдено е од неговиот ПР тим. Ѓоковиќ беше тестиран откако коронавирусот се појави меѓу тенисерите, учесници во „Адрија тур“.

Откако Григор Димитров објави дека е позитивен за Ковид 19, сите учесници беа тестирани и потврдено е дека се заразени Борна Чориќ, фитнес тренерот на Новак, Марко Паничи, како и тренерот на Бугаринот – Кристијан Грох.

Александар Зверев и целиот негов тим беа негативни на тестот, исто како и Марин Чилиќ и Андреј Рубљев, кои сепак решија да заминат во двонеделна самоизолација.

Новак одби да биде тестиран во Задар, тој дојде во Белград во текот на денот и го изврши тестот во српскиот главен град, а од неговиот штаб беше потврдено дека резултатите ќе пристигнат во вторник.

Покрај светскиот број 1, тестирани се и Ѓорѓе Ѓоковиќ, директорот на „Адрија тур“, како и целото семејство на Новак.

Србинот ќе се обрати пред јавноста по добивањето на тестот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норис најбрз во утринската сесија од вториот ден на третиот тест во Формула 1

ЗОИ 2026: Учениците од Онтарио ослободени од настава кога играат хокеарите на Канада

Росети: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии