Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ѓоковиќ стана мастерс-рекордер во Рим

Ѓоковиќ стана мастерс-рекордер во Рим
Img 7972

Новак Ѓоковиќ ја освои својата 36. АТП-мастерс 1.000 титула по 7:5/6:3 победата над Аргентинецот Диего Шварцман во финалето на Италија опен за да го помине Рафаел Надал по бројот на трофеи од турнирите што се од вториот ранг на натпреварувања, веднаш зад гренд слем трофеите.

Ова исто така е петта титула на Србинот во Рим и 81. трофеј во блескавата кариера, а во исто време го победи Шварцман петти пат во петте меѓусебни дуели, иако Аргентинецот не беше лесен противник, што го покажа со елиминацијата на Рафаел Надал во четврт-финалето.

Шварцман почна фантастично со два брејка на сервис на Ѓоковиќ и водство од 3:0, но потоа следуваше камбек на Србинот за 5:4 водство. Аргентинецот спаси една сет-топка, но потоа Ѓоковиќ стигна до 7:5 во првиот сет. И вториот сет Ѓоковиќ го почна со загубен брејк, но веднаш му одговори на противникот за на крајот по час и 54 минути игра, да го освои трофејот.

Ова е совршена подготовка за Ѓоковиќ за „Ролан Гарос“ по дисквалификацијата од САД опен и контроверзиите што следуваа потоа и иако неколкупати повторно ја покажа нервозата во својата игра, на крајот ментално ги надмина сите проблеми. Србинот има 31-1 скор во 2020 со дисквалификацијата во Њујорк, која му се води како единствен пораз.

> Ѓоковиќ стана мастерс-рекордер во Рим <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг