Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ѓоковиќ по деветти пат го освои „Австралија опен“

Ѓоковиќ по деветти пат го освои „Австралија опен“
300x250 opst2

Новак Ѓоковиќ по деветти пат го крена трофејот Норман Брукс од Австралискиот опен, откако во еднострано финале доминираше над рускиот предизвикувач Данил Медведев стигнувајќи до 7:5/6:2/6:2 победа.

Ова е 18-та гренд слем титула во фантастичната кариера на српскиот тенисер, и неверојатна 21 победа едноподруго на омилените терени во Мелбурн, каде што беше шампион и во 2019 и 2020. Со 18 големи трофеи тој се доближи на само два гренд слем трофеи од големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Со победата исто така се става крај на најнеобичниот гренд слем турнир во блиската историја, откако тенисерите пристигнаа во Австралија и веднаш беа поставени во карантин поради тоа што во нивните летови имаше позитивни на корона вирус. По ова, Ѓоковиќ беше на удар на австралиската јавност за писмото кое го прати со „барања“ за тенисерите да се преселат во домови кои имаат тениски терени наместо да бидат „затворени“ во хотели, нешто што беше одбиено од властите.

Потоа за Новак следуваше повредата на стомачните мускули, по која изјави дека нема да игра, обвинувањата дека намерно дава вакви изјави за да се игра ментално со противникот, невообичаената нервоза покажана на теренот… Но, сепак, на крајот тој покажа дека е подготвен да оди на новите тениски рекорди и да покаже дека е најдобриот на сите времиња.

За Медведев, пак, кој имаше 20 победи во низа од минатиот ноември, ова е втор пораз во гренд слем финалиња, откако во 2019 на САД опен загуби во пет сета од Рафаел Надал. Русинот, сепак, е еден од таа нова генерација која долго се чека на тениските терени, која треба да ги замени Ѓоковиќ-Надал-Федерер. Но, се уште не е време за тоа.

> Ѓоковиќ по деветти пат го освои „Австралија опен“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути