Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Почеток на едно пријателство, Кирјос: Новак помалку е како тениски бог

Новак Ѓоковиќ седми пат во кариерата го освои Вимблдон. Во финалето, во спектакуларен меч, Ѓоковиќ со 3:1 во сетови го победи Ник Кирјос.

dobivaj vesti na viber

Двајцата пред оваа средба се пошегуваа дека победникот ќе треба да чести вечера.

„Ник, ќе се вратиш. Не само во Вимблдон, туку и во уште едно финале на Грен слем. Знам дека е тешко да се најде утеха, но ти покажа зошто си еден од најдобрите во светот на оваа подлога. Сигурен сум дека ќе покажеш многу повеќе“, рече тој. Ѓоковиќ, по што се потсети на изјавата:

„Затоа изгуби. Не знам дали ќе го направиме тоа вечерва или некоја друга вечер. Ова е почеток на пријателство”.

Новак Ѓоковиќ нема пораз на Вимблдон од 2013 година, тоа го потенцираше и Кирјос.

„Тешко е да го добиеш, нели? Помалку е како бог, нема да лажам. Мислам дека одиграв добро. Честитки за тебе и твојот тим Новак. Благодарам на сите судии, собирачи на топки, знам им беше тешко со мене, но морам да ви се заблагодарам. Благодарение и на публиката, тоа беа одлични две недели за мене“, рече Кирјос.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина