Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ од Вимблдон за „Макфакс“: Имав добри подготовки и се надевам дека можам далеку да дотуркам

На воведната прес конференција, пред да почне тенискиот турнир во Вимблдон, минатогодишниот победник и прв носител оваа година на турнирот, Новак Ѓоковиќ, одговори и на две прашања на известувачот на Макфакс и Топспорт од Вимблдон, Ненад Живановски.

Запрашан дали оваа година доаѓа под зголемен притисок бидејќи нема освоено ниеден Гренд Слем и дали поради тоа овој Вимблдон е за него императивен да го освои, повеќе од било која титула од претходните шест, Новак одговори:

-Точно е дека ова година немам освоено ниеден Гренд СЛЕМ, и доаѓам на Вимблдон без таква сигурност. Но тоа не ги менува многу работите, се чувствувам дека моите подготовки поминале слично како и минатите години. Секако доколку имате освоено еден или два Гренд Слема пред Вимблдон, ќе имате повеќе самодоверба на теренот. Се надевам на најдобро на турнирот и ако го започнам добро, како минатите две-три години, мислам дека можам далеку да дотуркам-одговори Ѓоковиќ.

На патот до финалето, како можен противник во четвртфиналето му стои најголемата млада звезда, Шпанецот Алкараз, од кого загубил во полуфиналето на мастер турнирот во Мадрид. Дали може да препознае променливост во играта на младиот тенисер кога игра во два добиени сетови, и мечеви на грендслемовите како на последниот Роланд Гарос, кога натпреварот се игра во три добиени сетови.

-Алкараз е играч кој ја одбележи оваа година заедно со Надал со фантастичните резултати. Поради неговиот играчки стил, повеќе му одговараат подлоги кои се поспори. Затоа што е доста млад, тој немал многу можност да игра на Вимблдон, така што верувам дека од година во година ќе напредува и на оваа подлога бидејќи има таков менталитет, квалитет и талент. До евентуалното четвртфинале, тој и јас мораме да добиеме доста добри противници, така што за тој дуел ќе зборуваме кога до него ќе дојде. Но факт е кога се игра на Гренд Слемови во три добиени сетови, ситуацијата и пристапот во мечот е сосема поинаков бидејќи во два добиени сетови се поприлично брзо се одигрува, а овдека можете да се вратите во мечот и по два изгубени сета, што често беше случај во мојата кариера. Алкарас е уште млад и има уште доста време тоа да го научи, изјави Новак Ѓоковиќ за Макфакс.

Ненад Живановски

> Ѓоковиќ од Вимблдон за „Макфакс“: Имав добри подготовки и се надевам дека можам далеку да дотуркам <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина