Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Ова е лов на вештерки

Ѓоковиќ: Ова е лов на вештерки
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ започна со тренинзите во својот трениг-центар во Белград, откако десет дена беше во самоизолација поради коронавирусот. Ѓоковиќ се зарази со вирусот во текот на Адрија турнејата која се играше во Белград и Задар. Покрај него со Ковид-19 се заразија уште неколку тенисери.

Поради организацијата на овој турнир Ѓоковиќ со денови добива критики од бројни светски медиуми.

„Во последно време гледам само критки, многу од нив се со лоша намера. Очигледно е дека постои многу повеќе од таа критика, како да се работи за некоја агенда, како да е во прашање лов на вештерки. Мора да падне некој, некоја личност, некое големо име да биде главен виновник за сѐ…“, изјавил светскиот број 1 за „Спортски журнал“.

Накратко проговорил и за турнирите на кои сака да игра.

„Се уште не знам дали ќе играм на Ју-Ес опен. Сигурно нема да играм во Вашингтон, во план ми е мастерсот во Синсинати. Засега е сигурно моето учество на Ролан Гарос, а планирам да играм во Мадрид и Рим. Новиот начин на бодвување е коректен“, заклучил Ѓоковиќ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026