Походот на Новак Ѓоковиќ кон нова титула од Вимблдон продолжува откога Србинот успеа да се врати од два сета негатива и навидум сигурен пораз за 5:7/2:6/6:3/6:2/6:2 победа над италијанската тениска надеж Јаник Синер за кој сонот за прво гренд слем полуфинале ќе мора да почека.
По загубата на тесниот прв сет, Ѓоковиќ како да беше во нокдаун во вториот, кој Италијанецот го освои за 35 минути игра и изгледаше дека Синер ќе успее да ја забележи лесно својата најголема победа во кариерата. Но, Ѓоковиќ направи брејк за 3:1 водство за да го освои третиот сет по што целосно ја презеде контролата во третиот сет и го освои со 6:2. Во последниот сет Србинот осигури еден брејк на почетокот за да се пласира во своето 11-то полуфинале на Вимблдон.
Таму ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу британската надеж Камерон Нори и Белгиецот Давид Гофан.
this Novak Djokovic shot ????
— Billy Heyen (@BillyHeyen) July 5, 2022