Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ имал близок контакт со заразен со Ковид-19

Ѓоковиќ со уште две цели до крајот на кариерата

Белград, 15 јуни 2020 (МИА) – Освојувачот на 17 Гренд слем титули и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ бил во близок контакт со лице кое е заразено со коронавирус. Се работи за српскиот кошаркар Никола Јанковиќ, за кого неговиот клуб Партизан објави дека е позитивен на тест за Ковид-19.

Новак и Никола беа дел од настанот во чест на тренерот Дејан Милојевиќ, на кој присуствуваа и други познати личности.

Ова е вознемирувачка вест, затоа што Ѓоковиќ во текот на викендот собра некои од ѕвездите на машкиот тенис за егзибицискиот „Адрија Тур“.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство