Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ го откажа настапот во Индијан Велс

Ѓоковиќ го откажа настапот во Индијан Велс
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на мастерсот во Индијан Велс. Петтиот гренд слем, како што често го нарекуваат овој турнир, ќе се одржи од 4. до 17.октомври.

„Жал ми е што нема да ги видам моите навивачи во Индијан Велс оваа година и што нема да играм во пустината, моето омилено место. Се надевам дека ќе се видиме следната година“, објави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер, во Калифорнија победил пет пати во кариерата, последен пат во 2016 година.

Новак Ѓоковиќ оваа година не одигра ниту еден мастерс во Северна Америка, претходно ги пропушти Мајами, Торонто и Синсинати.

> Ѓоковиќ го откажа настапот во Индијан Велс <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс