Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ го декласира Рубљов за полу-финале во Торино

Ѓоковиќ го декласира Рубљов за полу-финале во Торино

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полу-финалето на Завршниот мастерс во Торино. Ѓоковиќ со 6/3, 6/2, го победи Андреј Рубљов во Зелената група.

Најдобриот тенисер во светот, за 68 минути игра, целосно го надигра Рубљов. Особено беше импресивен на сервисот, мечот го заврши со 14 ас-сервиси.

Со оваа победа, Ѓоковиќ го обезбеди првото место во својата група. Во последното коло, Ѓоковиќ ќе игра против Камерон Нори, кој го замени повредениот Стефанос Циципас.

Интересно, Ѓоковиќ и Рубљов прв пат одиграа официјален меч. Победата над Рубљов е 50. во 56.меч сезонава за Ѓоковиќ.

Вечерва, во 21 часот, во вториот меч од групата ќе играат Каспер Руд и Камерон Нори.

> Ѓоковиќ го декласира Рубљов за полу-финале во Торино <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027