Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ѓоковиќ го декласираше Чилиќ, Србија-Хрватска ќе се одлучува во мечот во двојки

Ѓоковиќ го декласираше Чилиќ, Србија-Хрватска ќе се одлучува во мечот во двојки
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:2 експресно го победи својот стар пријател Марин Чилиќ, за повторно да ја „спаси“ Србија и да израмни на 1:1 во полуфиналето на Дејвис купот, каде што сега ќе одлучуваат мечевите во двојки.

Иако на моменти имаше малку нервоза во неговата игра и во комуникацијата со селекторот Виктор Троицки, Ѓоковиќ беше за класа подобар од Чилиќ, и откако спаси шест брејк топки во првиот сет, експресно го освои вториот за импресивна победа. Откако Борна Гојо го изненади Душан Лајовиќ во два сета во првиот меч, сега патникот во неделното финале ќе се одлучува во мечот во двојки.

Ѓоковиќ повторно ќе биде на теренот со својот партнер Никола Чачиќ, но ова ќе биде редок меч во кој тој нема да биде фаворит, бидејќи од другата страна на мрежата ќе бидат Никола Мектиќ и Мате Павиќ, кои се прворангирана тениска двојка во 2021 година, во која освоија 9 титули (вклучувајќи го и Вимблдон) и го освоија златото на Олимпијадата во Токио.

> Ѓоковиќ го декласираше Чилиќ, Србија-Хрватска ќе се одлучува во мечот во двојки <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион