Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ во декември прележал ковид, тврдат неговите адвокати

Ѓоковиќ во декември прележал ковид, тврдат неговите адвокати
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ добил медицинско „оправдување“ за настап на Австралија опен бидејќи имал позитивен тест на Ковид-19 на 16 декември, тврдат неговите адвокати во австралискиот суд, каде што светскиот рекет број 1 се бори против одлуката да му биде одземена визата.

Хаосот околу Србинот ги надмина и спортските граници на почетокот на 2022 година, откако не му беше дозволен влез во Австралија и покрај тоа што организаторите на првиот гренд слем од сезоната, Австралија опен му дозволија настап поради „медицински причини“. Тој прво беше 10 часа сопрен на аеродромот во Мелбурн, пред визата да му биде одбиена, а потоа откако реши да се жали на одлуката, беше сместен во хотел за имигранти во градот.

„Датумот на првиот позитивен ПЦР тест беше забележан на 16 декември 2021“, се вели во жалбата на неговите адвокати во Мелбурн.

> Ѓоковиќ во декември прележал ковид, тврдат неговите адвокати <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја