Утрински Весник
Македонија

Шумски пожар ноќеска кај тетовско Селце

Шумски пожар ноќеска кај тетовско Селце

Тетово, 14 април 2020 (МИА) – Тетовските пожарникари заедно со мештани од селото Селце на Шар Планина изгасија поголем шумски пожар кој три дена гореше во месноста Црвен камен. Пожарникарите почнале со интервенција во раните вечерни часови, а огнот е локализиран околу полноќ.

– Огнот е забележан уште пред три дена над село Селце. Бидејќи беше многу високо и на непристапен терен два дена ние го надгледувавме. Вчера навечер оценивме дека може да се интервенира и затоа отидовме да го гасиме. Околу полноќ беше локализиран, денеска нема пламен, но се уште има чад, изјави Ука Алити, командант во тетовската пожарна.

Алити посочи дека интервенирале со само четири пожарникари и само едно теренско возило бидејќи нема пристап до таму со камионите за гаснење на пожар.

– Бевме вкупно 10 луѓе, од кои шест мештани од Селце. Изгоре букова шума, сметам дека е подметант пожарот, човечките фактор е пресуден. Се надевам дека прогнозата за врнежи од дожд вечерва ќе придонесе да се активира нов оган, рече Алити.

Според командантот на пожарникарите, пожарот не го загрозило селото Селце.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Се гази интересот на дете, мајката Невена беспомошна пред системот

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на 9 јули ќе се најде на собраниска седница