Утрински Весник
Свет

Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран

Голем шумски пожар беснее северно од Атина, поради што властите наредија евакуација на блискиот крајбрежен град како мерка на претпазливост. Силниот ветер го разгорува пожарот во областа Шхиматари, на околу 50 километри од главниот град, пренесуваат грчките медиуми.

dobivaj vesti na viber

Локалните власти ги повикаа жителите да го евакуираат градот Дилеси и го запреа локалниот железнички сообраќај, бидејќи повеќе од сто пожарникари, поддржани од четири авиони и два хеликоптери, се борат со пожарот. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот и на јужниот полуостров Пелопонез, каде се евакуирани четири села.

Минатата година, шумските пожари опустошија околу 300.000 хектари шума и грмушки додека Грција го претрпе најлошиот топлотен бран во последните триесет години. По острите критики, владата вети дека ќе ги зајакне капацитетите за гаснење пожари.

Неколку десетици романски и бугарски пожарникари ги презедоа должностите во Грција во саботата, како први членови на европските сили кои беа распоредени за да обезбедат поддршка во случај на големи пожари во текот на летото. Во најлошиот шумски пожар во Грција починаа 102 луѓе кога го зафати крајбрежниот град Мати и областите во близина на Атина во летото 2018 година.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија