Утрински Весник
Свет

Шумските пожари во Грција не стивнуваат: 450 луѓе се евакуирани на Лезбос

Грчките противпожарни служби се борат со четири големи шумски пожари, од кои еден е на островот Лезвос, каде што се евакуирани повеќе од 450 луѓе, јавуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Поради пожарот што утринава избувна на Лезбос, властите повикаа на евакуација на одморалиштето Ватера на јужната страна на островот, откако пожарот се приближил до одморалиштето и пламените јазици зафатиле куќа, пренесува АП.

Во гаснењето на пожарот се вклучени 50 пожарникари со 17 возила, девет специјални авиони и еден хеликоптер, изјави за новинарите портпаролот на Противпожарната служба Јанис Артопоис.

Локалната полиција соопшти дека повеќе од 450 луѓе се евакуирани од два хотели и 92 куќи, а 60 полицајци ја пребаруваат областа за оние кои одбиваат да се евакуираат.

Најголемиот пожар трет ден по ред гори во североисточна Грција, во близина на границата со Турција, пренесува АП.

Станува збор за пожар кој го зафати Националниот парк Дадија, во кој живеат ретки видови животни, особено мршојадци.

Уште два големи пожари се активни во Грција, од кои едниот е во планинскиот регион на Западна Македонија, а другиот во југоисточниот Пелопонез.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина