Утрински Весник
Македонија

Штрајкот во училиштата продолжува, од утре ќе работат градинките

Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Тој по денешната седница истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре.

„Советот на СОНК одлучи да продолжи штрајкот и утре се’ до наоѓање на заедничко решение со Владата“, рече Неделков.

Како што додаде, градинките ќе ги отворат вратите во интерес на родителите, но и стопанството кое трпи поради неможноста за згрижување на децата.

Советот на СОНК одлучил и да организира голем масовен протест во среда на 4 мај.

Неделков пoвтори дека жалат за непријатностите со кои се соочуваат родителите и учениците и повика на разбирање.

Можете да прочитате

„Глумците пеат“ денеска и утре во МНТ со повеќе од 50 уметници на сцена

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД