Лос Анџелес, 15 јуни 2020 (/) – Социјалните мрежи можат да ги искомплицираат или поедностават љубовните врски. Но, стручњаците велат дека интернетот главно има негативен ефект врз врската. Страницата „Брајдс“ наведува што сѐ вашиот профил открива за Вас и вашата врска.
За мажите и жените кои постојано објавуваат фотографии и примери на совршени врски, терапевтот Џонатан Бенет смета дека тоа им носи непотребна тежина самите ним, на нивните односи.
– Ако некој не оствари „совршен однос“ каков што имаат познатите личности или имитатори, тој / таа стануваат незадоволни. Всушност, тие мислат дека секогаш на друго место „тече мед и млеко“. Не само што мислат дека има некој што би им одговарал подобро од нивниот сегашен партнер, туку честопати имаат и список „опции“ за кои сметаат дека се подобар избор за самите нив, објаснува Бенет.
Лошо е и тоа што некои луѓе премногу и непотребно зборуваат за подробности во врската, па на сите им откриваат што се случува меѓу нив и партнерот. Њујоршката терапевтка Џејн Грир смета дека тоа ја нарушува довербата меѓу двајцата.
– Ова е повреда на приватноста на Вашиот партнер и открива очајна потреба да се чувствувате важни и да бидете забележани… Не претерувајте, некои работи треба само да останат приватни, вели Грир.
Бенет пак, од друга страна, смета дека ако некој е активен на Фејсбук, постојано има нови објави, а скоро ниедна не е поврзана со саканиот или саканата, тоа може да значи дека се работи за извесно незадоволство или срам од самата врска. Но, може да значи и, просто, дека си ја цените приватноста – ваша и на партнерот.
Ако некој ги објавува само оние „совршените“ фотографии,а не и оние несовршените спонтано овековечени мигови, многу е веројатно дека тој не е доволно задоволен со себе или со својата врска.
– Ова може да се толкува како обид да се убеди светот дека вашата врска е совршена, што не мора да биде вистина. Можеби избегнувате проблеми што се важни за решавање, вели Бенет.
Доколку пак, на вашиот профил преовладуваат самослик-фотографиите, а заедничките љубовни слики се вистинска реткост, тоа најчесто значи дека вашата врска не Ви е најважната работа во животот.
– Ова може да се толкува и како самобендисаност и постојана потреба внимание од туѓинци… Тоа може да создаде големи проблеми во вашата врска, појаснува Бенет.
На крајот на краиштата, како што вели вели терапевтот Рори Сасун, ако пишувате за вашата врска само од време на време, тоа означува здрава и нормална врска.
– Тоа им дава на луѓето привремен увид во вашата врска, открива доволно и не премногу информации. Исто така, тоа значи дека сте во здрава врска и дека не ви треба постојано одобрување за сè што правите со партнерот, вели Сасун.си/сд/