Утрински Весник
Свет

Што се ковид-пасошите и дали ќе создадат повеќе проблеми отколку што ќе решат?

Што се ковид-пасошите и дали ќе создадат повеќе проблеми отколку што ќе решат?

Владите ширум светот сè повеќе ја разгледуваат потенцијалната улога на ковид-пасошите, кои би им биле дадени на вакцинираните против коронавирус, кога зборуваат за повторно отворање на своите економии на начин на кој можат да ги идентификуваат луѓето кои се заштитени, пишува Ројтерс.

Но, оние што развиваат такви технологии предупредуваат дека алатки како електронскиот пасош исто така имаат последици, како што се исклучување на цели групи луѓе од социјални настани и повикување на законодавците сериозно да размислат како да ги користат плодовите од работата на програмерите и инженерите во развој.

Индустријата за туризам и забава е особено заинтересирана за ковид-пасошите.

„ Треба да се обидеме да се вратиме во нормала“, вели Саша Лорд, ко-основач на музичкиот фестивал „Парклајф“. Тој посочува дека концертите или настаните каде што мора да се спроведат мерки за физички простор, едноставно не се финансиски исплатливи.

„ Свирка не е свирка, фестивал не е фестивал ако не стоиш рамо до рамо со твоите пријатели“, вели Лорд.

Тој сепак смета дека пасошите за вакцинираните треба да бидат избор, а не принуда, и дека оние што ги одбиваат треба да можат да направат брз тест за коронавирус на влезот кога присуствуваат на социјални настани, како што се концерти.

Меѓу оние што развиваат ковид-пасоши, се и биометриската компанија АјПрув (iProov) и компанијата за сајбер безбедност МВине, а тие компании добија и финансиска помош од британската влада.

Основачот и извршен директор на АјПрув, Ендру Бад смета дека ваквите пропусници или пасоши треба да содржат само две информации: слика на лицето и потврда дека лицето на фотографијата е вакцинирано.

„ Сè што треба да направите е да го поврзете лицето со статусот на вакцинација, идентитетот на лицето не мора да се знае“, рече Бад.

Во САД, додава тој, веќе има такви пропусници издадени од приватно здравствено осигурување за посетители на спортски или други настани.

Тој, сепак, предупредува дека може да има дискриминација, привилегии за одредени групи и исклучување на млади луѓе кои се последни во редот за вакцинирање. Тој се надева дека британската влада ќе го земе во предвид сето ова и дека внимателно ќе размисли за сите последици од нејзината идна одлука.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Советникот на Трамп за криптовалути ја напушта Белата куќа и се враќа во приватниот сектор

Нетанјаху: Мора да ја довршиме работата, жителите на Газа „молат“ да ги спасиме од Хамас

Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната