Утрински Весник
Македонија

Штип по 14 години воведува автобуски градски превоз

Штип по 14 години воведува автобуски градски превоз

Штип, 15 мај 2020 (МИА) – Штип по 14 години ќе воведе општински автобуски превоз. На денешната седница на Советот на Општинаta која се одржа по електронски пат, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски ја образложи pредлог одлуката за општински линиски превоз на патници на територија на Општината.

Тој за МИА вели дека ова барање постојано го слуша од страна на граѓаните во руралните средини, но и низ населбите во градот. Затоа, како што појасни, по 14 години општинскиот линиски превоз повторно ќе се стави во фунција.

-Паралелно со обезбедувањето на превозот на учениците, чија тендерска постапка е во тек, ние ја започнуваме и според изменетите законски регулативи и ја започнуваме исто така и постаопката за општински линиски превоз. Со што денеска е донесена одлуката на Совет, а во втора фаза веднаш нашиот сектор за сообраќај и инспектори ќе работат на вториот чекор, а тоа е повик кон сите заинтересирани превозници да се вклучат во овој општински линиски превоз, рече Бочварски.

Тој смета дека граѓаните на Штип со воведувањето на автобускиот превоз ќе имаат уште едно решение за превоз низ нивните населби и централното градско подрачје.

Штипскиот градоначалник додава дека до сега Штип немал градски автобуски превоз, бидејќи фирмите не биле заинтересирани, но и од страна претходните локални власти немало ниту обиди за реализација на овој проект.

-Ова е потреба на граѓаните, Општината ќе направи се за да се реши овој проблем. Во колкав обем, со какви возила ќе бидат апсолутно треба да ги запазуваат сите законски критериуми, но тоа ќе оставиме да ги направат анализите од нашите служби заедно со компаниите, коишто би имале интерес да се јават на овој повик, рече Бочварски.вдј/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош