Утрински Весник
Македонија

Штип на чекор за добивање градежна дозвола за изградба на брана на реката Отиња

Штип на чекор за добивање градежна дозвола за изградба на брана на реката Отиња

Штип, 15 јуни 2020 (МИА) – Општина Штип го доби последниот документ за добивање на градежната дозвола за изградба на брана на река Отиња. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција рече дека пред неколку дена пристигнало позитивното мислење од Институт за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија (ИЗИИС).

-Во моментот се чека и последниот чекор пред распишување на постапка за изградба на проектот – брана на река Отиња, а тоа е одобрение за градење од страна на Министерство за транспорт и врски од кадешто според законските рокови очекуваме во брз временски рок да добиеме одобрение за градење. Како градоначалник нема да дозволам макотрпната работа во изминатите две и пол години од страна на Општината, Владата, неколку ресорни министерства, проектантите, инженерите, професорите да биде омаловажуван. Јас на овој проект приоѓам со многу ентузијазам и желба заради тоа што за овој проект вреди да се даде се од себе, да се потроши многу енергија и време, изјави Бочварски.

Забележа дека ако во изминатите 40 години имало само некаква идеја, желба и започнат, а недовршен проект, денеска за само две и пол години Штип има  завршен основен проект со изработена ревизија, изработена студија за оцена на влијанието врз животната средина, изработен и усвоен детален урбанистички план за брана Отиња.

По добивањето на дозволата веднаш ќе се почне и тендерската постапка од страна на Министерството за транспорт и врски. Според експертите, оваа брана ќе се гради од две до две и пол години, а се зависи од изведувачот и временските услови. Експропријацијата на земјиштето е извршена на круната на браната, а на земјиштето во самата брана ќе биде завршена во текот на наредниот период. Браната ќе чини 7,5 милиони евра. вдј/вј

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“