Утрински Весник
Македонија

Штип доби интеркативни фигури со животни наменети за децата со попречености

Штип доби интеркативни фигури со животни наменети за децата со попречености

Инсталација од четири интерактивни фигури на животни се поставени денеска во Штип, во еден од поголемите паркови во градот – паркот Пролече. Инсталацијата се состои од четири животни (жирафа, желка, нилски коњ и мече), изработени по калап од цемент и обоени во оригинални бои. Фигурите ги работеа уметници, кои во консултација со дефектолози и родители, ги прилагодија и за деца со посебности. Покрај појаснување за секоја од фигурата на македонски и англиски, напишаното е и со брајова азбука, наменето за слабовидни и деца без вид.

„Децата заслужуваат повеќе“ е тематската акција што ја спроведе Неформалната активистичка група „Штип арт активизам“. Инсталацијата има едукативен и забавен карактер за децата да можат да научат повеќе за животните, но во позадина ја имаа пораката до граѓаните и власта, како носител на одлуките, дека во Штип постои недостаток на вакви игралишта и зелени површини, наменети и за децата со посебности.

– За спроведувањето на активностите се правени претходни истражувања и се контактирани дефектолози, уметници, активисти, претставници на здружението „Сплотени срца“ од Штип, здружение на родители на деца кои се соочуваат со потешкотии во развојот. Особен придонес за спроведување и создавање на оваа инсталација има претседателот на здружението „Сплотени срца”, Зоран Мијалков. Тој даде значаен поглед на специфичните потреби на децата и на тоа како може да се задоволат потребите за безбедност, но и за забава – велат од Неформалната активистичка група.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот